Џон Зимер: Поседувањето на автомобили треба да престане

во Свет

Претседателот на такси услугата Lyft, Џон Зимер, смета дека е дојдено време превозот да биде услуга, а купувањето на автомобили да престане.  Главната причина за ова е неискористеноста на возилата. Просечниот автомобил во текот на денот се користи 4 отсто од времето; останатите 96 отсто од денот е паркиран.

„Следниот пат кога ќе излезете на улица повнимателно разгледајте околу вас. Колку простор заземаат паркираните возила од двете страни од улицата и колкав дел од градот мора да остане неискористен од паркинзи.

Ви станува јасно, изградивме цели заедници околу автомобили, ги изградивме за автомобили дури и кога не се во движење.“, вели г. Зимер, во својот блог пост.

Слично како најголемите конкуренти Uber, и Lyft се надеваат дека до 2021 најголем дел од нивните услуги ќе ги прават автономни возила. Слична замисла има и Ford; компанијата најави дека до 2020 ќе започнат со масовно производство на автономни возила. Дека иднината не е толку далеку покажуваат тестовите на Uber во Питсбург и тестовите на Delphi Automotive во Сингапур. Дополнително, ниту една приказна за автономни возила нема да биде комплетна без Google кој тестира веќе неколку години.

Промените ќе бидат вистински видливи во 2025. За 9 години, автомобилите нема да бидат во приватна сопственост. Промените се веќе видливи, а главен показател е бројот на возачки дозволи кои се издаваат, а од година во година е помал. Дополнително, поседувањето на автомобил не е евтино, а во САД на одржување и на автомобил во просек се трошат по 9.000 долари.

„Ова ќе ве шокира, Американците трошат 2 билиони долари секоја година на поседување автомобил – повеќе пари итколку на храна. Она што е поголемо изненадување е дека овие возила се функционални 4 отсто од времето. Ова е еквивалентно на 240 милиони од 250 милиони возила да бидат парикрани постојано. Во општ случан возилата не се средства за превоз, туку машини за паркинг“.

Освен поголемото искористување на автомобилите, голема предност е и зголемената безбедност. Компјутерите се подобар возач од луѓето; дури и во сообраќајните незгоди во кои учествуваат возилата на Google главна причина за незгода се луѓето од другите возила.

Промените со возилата ќе овозможат и целосно нов изглед на градовите. Подобра искористеност на просторот, замена на паркинзите со покориснен простор и многу поголема безбедност на улиците.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] Секако дел од инфраструктурата ќе мора да се промени, патиштата да се прилагодат на новите возила, инфраструктурата да се прошири, како што се планира со 5G и слично, работи кои што и со обичните автомобили биле предизвик во тоа време, а сега бензинска покрај пат е и повеќе од очекувано нешто. Ова ќе чини пари, но патишата и градовите ќе мора да се подготват за новата генерација на превоз, а ако учиме од историјата, која некои велат дека се повторува, автономните возила се тука да останат и да бидат дел од нашето секојдневие. Можеби и поседувањето на автомобили тогаш ќе престане? […]

trackback

[…] Ова е последица на друг поголем проблем кој неодамна го сподели директорот на Lyft: „просечниот автомобил се користи само 4 отсто од […]

ит кариера

АЛОЗИС КОМУНИКЕЈШНС Д.О.О.Рим, Р.Италија - Подружница Скопје Р.Македонија

Senior Full Stack Java Developer

види ги сите огласи на kariera.it.mk