0 коментари 1 мин. читање

Џон Госиер на TED: Новата технологија треба да биде достапна за сите

Кога ја развиваме технологија мора тоа да го правиме одговорно, и да ги имаме во предвит последиците и за останaтите кои нема да можат да си ја дозволат оваа технологија, вели Џон Госиер во својот TED говор. Г. Госиер е претприемач и инвеститор кој помеѓу другото, работеше и на развој на апликации кои им овозможуваат приватност на дисидентите за држави во кои различното мислење често ги става граѓаните во животна опасност.

Идејата на г. Госитер е дека кога се креира нова технологија, креаторите мота да внимаваат не само на корисниците, туку и на сите кои нема да можат да си ја дозволат технологијата. Најчесто развивачите и иноваторите претпоставуваат дека доколку направат одлична технологија таа ќе го пронајде својот пат до сите корисници, но со оглед на разликите во богатството на луѓето ова најчесто не е вака.

„Вистинската иновација е пронаоѓање начин со кој ќе ги вклучиме сите“, вели г. Госитер.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top