0 коментари 2 мин. читање 26 септември, 2014

DHL достави лекови до изолирано место со помош на беспилотни летала

Германската компанија за достава DHL денес за прв пат изврши достава на лекови со помош на беспилотни летала. Компанијата ќе го испрати леталото 12 километри до островот Џуист, од градчето Нордеич. Станува збор за пробен лет, а компанијата се надева дека овој тест ќе покаже дека беспилотните летала се практично решение за достава до изолирани места. За овој експеримент DHL соработува со германското Министерство за транспорт и дигитална инфраструктура кое им обезбеди дозвола да летаат врз регионот.

Летот е целосно автоматизиран, без пилот, и трае околу 30 минути, што покажува дека леталото лета со просечна брзина од околу 25 km/h. New York Times вели дека Parcelocopter ќе лета на висина од 35 метри со максимална брзина до 64 километри на час.

DHL е најновата компанија која започнува со тестирање на достава со беспилотни летала, Amazon и Google веќе подолго тестираат во САД и Канада односно Австралија. Дополнително дел од побогатите држави на Блискиот Исток веќе започнуваат да размислуваат на достава со беспилотни летала.

[youtube]3GFEAIE9aqE[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top