Oсновачот на Amazon, Џеф Безос и рускиот милијардер Јури Милнер се дел од инвеститорите во стартапот Altos Labs. Стартапот работи на откривање на начини за репрограмирање на клетките за да може да се „подмладуваат“.
Научниците вклучени во тимот веруваат дека можат да ја користат технологијата за ревитализација на цели тела на животни. Досега во Altos Labs се инвестирани над 270 милиони долари.
Стартапот работи на технологија на репрограмирање на клетки. Методот овозможува користење на сите возрасни специјализирани клетки како стем-клетки, кои потоа можат да се претворат во која било клетка. Оваа технологија во иднина би можела да се користи за третман при губењето на видот; повреди на ‘рбетниот столб; повреди на мозокот и слично.
Иако финансиите се клучни за развојот, овој пат за стартапот поимпресивни се научниците вклучени во проектот. Дел од Altos Labs се: добитникот на Нобеловата награда Шинја Јаманака, тој во 2012 ја освои наградата за откривање на начин за репрограмирање на клетките; Стив Хорвад, разви начин за детектирање на стареењето на клетките според молекуларни маркери; Хуан Карлос Изписуа Беламонте, биохемичарот кој го прогласи репрограмирањето на клетки за еликсир на животот и тврди дека стареењето е ревирзибилен процес.
Според плановите Altos Labs ќе отвори истражувачки центри во САД, Велика Британија и Јапонија, пренесува El Pais.
Г. Безос е инвеститор во повеќе стартапи кои работат на клеточни истражувања: Nautilus Biotechnology; Sana Biotechnology; Denali Therapeutics и Juno Therapeutics.