Децениска временска капсула

во feature, Дизајн

Ова е гостински текст од агенцијата за маркетинг и адвертајзинг squareONE, кој е дел од IT.mk серијалот тeкстови на тема маркетинг и дигитални медиуми.


Графичкиот дизајн има огромна улога во современото конкурентно деловно опкружување. Напредокот на технологијата и иновациите се само дел од клучните двигатели за раст на оваа индустрија, која тежи повеќе од 62 милијарди долари на годишно ниво. Брзиот раст на оваа индустрија носи и голем број на трендови кои постојано се менуваат.

Најдобар начин за предвидување каде оди графичкиот дизајн во иднина е да ги разгледаме трендовите во дизајнот во последните неколку години и да направиме неколку предвидувања за тоа што ќе се случува.

Од самиот почеток на деценијата, развојот на дизајните на логотип беше карактеристичен преку неговата геометризација и тенденцијата на употреба на големо множество на бои и сегменти.

Доколку се направи општ осврт на тоа како започна декадата би се заклучило дека голем дел од бренд идентитетите составени од геометриски форми се карактеризираа со брановидни линии и несекојдневни форми на пиксели, на кои често се употребуваа текстури на гранулација во нивните сенки. Сведоци бевме дека најголем дел од логоата беа светли, шарени и прилично сложени.

Кон крајот на декадата, логоата имаа тенденција да бидат преставени во најмногу три бои, а честопати и помалку. Во најголем дел беа позиционирани на голема бела површина и празни простори, кои се повеќе го заживуваа духот на минимализмот. Така, сè побрзо се зголемуваше дисперзијата на она што се случуваше во 2010 година, поместувајќи ги границите на колор мапите од живописност до безбојност, намалувајќи ја содржината на текст или употребувајќи само типографски решенија. Овие нови трендови брзо ги заменија геометриските движења во едноставни и лесни форми.

Ако го анализираме делот на веб дизајнот и печатените материјали, и покрај големите промени и разлики, некои правци останаа доследни во текот на целата деценија. Масовни фотографии, светли бои и смели фонтови, беа постојаните елементи кои го задржаа изгледот низ годините. Голем дел од нив беа и сè уште се безвременски. Фотографијата останува најчесто употребувана позадина во веб дизајнот. Во овој сегмент, она што се промени низ годините беше само композицијата на изгледот.

Во 2019 година фокусот се насочи кон употребата на 3Д дизајни, асиметричните форми и Арт Деко инспирирани визуелизации. Користењето на овие елементи во печатењето и веб дизајнот стана популарно пред сè како резултат на нивната моќ да ги направат публикациите пријатни за око, па се чини дека уникатните и сложени дизајни е она што ќе доминира во иднината.

Многумина тврдат дека последните 10 години отсликуваат дизајн без правила и карактеристичен бран. Ова е резултат на динамиката на модерните трендови кои се менуваат толку брзо, поради што и не може да се изгради еден дефиниран специфичен стил.

Минимализмот не беше единствениот креативен бран кој ја карактеризираше минатата декада. Успехот на филмската индустрија донесе носталгија и инспирација во креативниот свет, правец кои сè уште го забележуваме. Графичките дизајнери го претставија овој тренд во раниот почетокот и средината на 2010-та година преку имплементација на ретро дизајнот. Ваквата пракса беше најзабележителна во типографските решенија кај производите за широка потрошувачка. Иако постојат компании кои сеуште го користат овој тренд, истиот се повеќе се намалува, а предвидувањата го најавуваат неговиот крај со новата декада.

И покрај сè она што се случуваше во последните десет години, денес вниманието е насочено кон предвидување што е следно? Кој тренд ќе ја добие моќта да го обои почетокот на новата декада?

Она во кое ние веруваме е тоа дека новите трендови произлегуваат од старите традиции. Графичкиот дизајн секогаш ќе биде поле на длабоко воодушевување и огромна инспирација. Иако современиот графички дизајн е жив и присутен, тој секогаш ќе биде прилагоден на неговата околина, но и случувањата на пазарот. Нашите предвидувања се потпираат на вербата во нова смела деценија која ќе донесе сосема поинаков, нов и модерен изглед.

Без разлика на очекувањата за иднината, дизајнерите секогаш треба да имаат во предвид дека дизајнираат за своите клиенти, а не за самите нив. Најдобриот дизајн ги задоволува потребите на клиентот и го остава егото на дизајнерот надвор од тоа. Дизајнот ќе продолжи да се развива, а трендовите ќе доаѓаат и ќе минуваат. Постојано искористувајќи ја нашата способност да испорачуваме одлична работа во компромис со визијата на нашите клиенти е највредната вештина која треба да ја задржиме.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk