Над 16 милиони луѓе се регистрирале за последниот хит на Activision-Blizzard, Destiny, а од продажбата заработиле над 500 милиони долари, јави компанијата во известувањето за акционерите. Ова ја прави Destiny најдобро продавана нова игра во историјата, посебно што е достапна само за конзолите.
„Од почетокот бевме убедени дека нашата инвестиција во Destiny ќе се исплати. Но бројот на луѓето кои веруваа беше голем. Денес сме убедени дека Destiny ќе биде една од најголемите франшизи на оваа генерација, но и новиот бренд на Activision. Сепак најважно е дека не можеме да престанеме да ја играме“, вели Ерик Хирнсбер, од Activision.
За 2014 година компанијата најави уште поголемо пробивање на бесплатните Hearthstone: Heroes of Warcraft, Heroes of the Storm и Call of Duty Online. Free to Play како бизнис модел сега е доволно развиен и на запад, но и во Кина што може да овозможи овие игри да се приклучат на World of Warcraft, Diablo и StarCraft како четврта мега-франшиза велат од Activision. Лани компанијата заработила 4,81 милијарди долари, нешто помалку од 2013-та, но последното тримесечие е подобро од она во 2013-та. На заработката од дигиталната продажба отпаѓаат дури 34 отсто, или 1.56 милијарди долари.
Сепак, Destiny не е најпопуларни нивна игра. Кога е бројот на играчи во прашање најпријатно изненадување е бесплатниот Hearthstone, кој успеа да привлече над 25 милиони играчи. Дали ова можеби ќе ги мотивира во Blizzard за сличен модел и за World of Warcraft останува да видиме, иако со последната експанзија Warlords of Draenor, успеаа да вратат дел од играчите, барем за сега се прилично далеку од 12-13 милиони колку што имаше култната игра во најдобрите денови.







