Fabricus е најновиот експеримент од кујната на Google Arts & Culture. Проектот е замислен да понуди флексибилни можности за проучување на комплексниот систем на египетското хиероглифско писмо.
Со имплементација на машинско учење, примарната цел е да се овозможи на експертите подобро да ги преведат приказните на древниот Египет. Таквото нешто и понатаму претставува предизвик затоа што писмото датира уште од пред 4000 години и се одликува со над 1000 уникатни карактери.
Во одделот work истражувачите можат да поставуваат слики кои брзо се процесираат. Останатите два оддели се достапни на сите, а се замислени да забават и едуцираат. Првиот од таквите два оддели, Learn, ве учи за хиероглифите и за тоа како системот на Google, AuoML ги интерпретира.
Преку шест интерактивни чекори можете да цртате, копирате, идентификувате, реконструирате, читате и преведувате хиероглифи, а потоа вештачката интелигенција ја проценува веродостојноста на вашите цртежи и ви дава соодветна оценка.
Третиот и последниот оддел се вика Play а тука можете да создавате шифрирани пораки со хиероглифи кои подоцна ги споделувате на социјалните мрежи или преку и-мејл.
Google не губи време и веднаш предупредува дека преводот не е целосно точен и не можете да очекувате дека вашите мисли точно ќе бидат трансформирани во хиероглифското писмо, и обратно.
[…] ве запознавме со проектот на Google кој ви дозволува да дешифрирате древни египетски симболи, а денеска би сакале да ве охрабриме да се забавите […]