Надградба на Google Images ќе го олесни издавањето лиценци за слики со авторски права

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Image courtesy of Google

Google Images ќе го олесни издавањето лиценци за слики со авторски права. Со ова компанијата ќе им олесни и на дизајнерите и фотографите кои ги поседуваат правата, но и на издавачите кои бараат фотографии или илустрации.

Надградбата е направена во соработка со авторите на сликите, со „складишта“ за слики, и со асоцијации за дигитална содржина, вели Google во својот блог.

Промената која е најзначајна на Google Images е додавање на беџ за лиценца на сликите. Беџот покажува дека за сликата се внесени податоци за лиценци и авторски права. Новата ознака лесно се забележува во левиот долен агол кога корисникот пребарува слики. Со ова лесно може да се препознае кога авторот или сопственикот на авторски права ги додал и податоците за лиценцирање. По изборот на некоја слика, во делот со податоците, издавачите или заинтересираните можат да пронајдат чија е сликата и каде да ја лиценцираат.

Промени се направени и во помошните алатки за пребарување во менито „права за користење“. Сега оваа секција има единственo два избора „Creative Commons“ и „комерцијален“. Ако сте го користеле ова претходно промената е помалку збунувачка; Сега во опцијата да ги прегледате сите слики се презентираат сите слики, со и без податоци за лиценци. Под „Creative Commons“ и „Commercial“ се наоѓаат само сликите со додадени податоци за лиценцирање.

Со промената пронаоѓањето на лиценци и авторски права на Google Images е значително поедноставено. Ова е продолжување на праксата на Google, со која компанијата се обидува да им ја олесни работата на авторите на слики и илустрации. Сега сите податоци за сликите се достапни во самата картичка и се едноставни за пронаоѓање.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments