Денес е „Откажи се од Facebook“ ден

„За нас се се сведува на две работи: фер користење и најдобри намери. Според нас, Facebook не прави добра работа на двете полиња. Facebook ви дава избор како да ги менаџирате податоците, но тие не се фер избори, бидејќи Facebook ги комплицира работите за просечниот корисник да ги разбере изборите.“ велат од иницијативата.

Реално, 25.000 корисници кои ќе се откажат од Facebook не се ништо драматично за друштвената мрежа кој има околу 500 милиони корисници. 25.000 корисници е мала бројка дури споредено и со над 550.000 македонски корисници на мрежата. Да не зборуваме пак за посетите кои ги има Facebook месечно.

Но, тоа што е интересно е што доаѓа моментот кога корисниците почнуваат да размислуваат да се откажат од Facebook. Ако до сега се приклучуваа на мрежата, сега корисниците размислуваат да се откажат изреволтирани од начинот како Facebook ја претвара „мрежата за пријатели“ во „јавна мрежа“.

Сепак, не е лесно да се откажеш од Facebook, признаваат oд QuitTheFacebookDay.com

„Откажувањето од Facebook не е лесно. Facebook е интерактивен, забавен и искрено, зависен. Откажувањето нешто како Facebook е како да се откажувате од пушење. Тешко е да останеш во вагонот доволно долго за стварно да ги промениш навиките. Подршка од другите помага, но начинот да се откажете од Facebook не е да формирате група на Facebook за откажување од Facebook.“ велат од иницијативата објаснувајќи дека правиот чекор е да се „разбере проблемот“.

Многу зависи од како Facebook ќе го реши проблемот. Соочен со критики од сите страни и под притисок, Facebook стартуваше поедноставни опции за приватност само неколку дена пред 31 мај. Но, иако се подобри и појасни за просечниот корисник, има еден трик. Споменавме дека во тие опции Facebook сугерира споделување на постови и фотографии со секого. Ако просечен корисник не ги разбира опциите и сетинзите тој ќе се одлучи за „препорачаните“ опции, а со тоа неговите постови и фотографии ќе бидат достапни за сите. (новите опции се уште не се достапни за повеќето .мк корисници)

Факт е дека друштвените мрежи се за споделување информации со другите. Ако сакате да сте приватни тогаш Facebook и интернетот не се место за вас. Но, барем да имаме контрола што, како и со кого споделуваме, нели?

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
новица
13 years ago

јас го здував фејсбукот. сега чекам дијаспора и се пријавив да им помагам на луѓето. сакате отворен веб? таа би била патеката.

види ги сите огласи на kariera.it.mk