0 коментари 1 мин. читање

Demonoid.com e повторно онлајн

{mosimage}Еден од најпопуларните сајтови за торенти Demonoid.com по неколку месечен прекин повторно стана достапен за интернет корисниците. Сајтот беше затворен под притисок на правните органи и како што се наведува на сајтот "личните проблеми" на администраторот Deimos. Сајтот сега има нов администратор и е хостиран на сервери во Украина а пристапот до сајтот е преку demonoid.com или demonoid.cc доменот.

Новиот администратор, Umlauf, во соопштението на сајтот најави дека во следните неколку дена ќе можат да се забележат повремени прекини во достапноста на сајтот, но изјави и дека се работи на досредување на проблемите. Исто така беше најавено дека Demonoid.com останува со истиот модераторски тим кој одлично си ја вршеше работата пред сајтот да биде затворен.

Можноста за поканување на нови корисници и овозможување на нови регистрации засега не се овозможени, но старите кориснички имиња работат без никакви проблеми.

{mosimage}

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top