0 коментари 2 мин. читање 25 октомври, 2017

Delphy ги купи nuTonomy за 450 милиони долари

Еден од најголемите производители на делови за автомобили Delphi Automotive, е нов сопственик на бостонскиот стартап nuTonomy. Стартапот работи на развој на автономни возила, nuTonomy од 2013 година. Цената која Delphi ја плати за nuTonomy е 450 милиони долари.

Се чини дека од зделката ќе имаат корист и двете компании. Стартапот има значително повеќе ресури на располагање, а Delphy има можност да се приклучи во трката за автономни возила. Дополнително,со nuTonomy доаѓаат и куп врвни инежнери, но и патенти за интелектуална сопственост.

„Нашата мисија отсекогаш била радикално подобрување на состојбата на патиштата, ефикасноста и достапноста на транспортот насекаде. Со Delphi имаме партнер со кој споделуваме иста визија, партнер кој е лидер на пазарот и сме еден чекор поблиску до оваа цел. Заедно ќе воспоставиме светски стандард за технологијата на автономни возила“, вели Кар Иагнема од nuTonomy.

Стартапот од Бостон веќе има договор за тестирање на возила во Сингапур и Бостон. И Delphi Automotive и nuTonomy тестираат автономни такси возила во Сингапур. Заеднички, компаниите во целиот свет имаат и тестираат со околу 60 тест возила.

Двете компании имаат партнерства кои ќе продолжат да функционираат како и досега. Delphi соработува со Mobileye, а NuTonomy со Lyft, Grab и GroupePSA, вели Verge.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top