0 коментари 1 мин. читање

Француски хакери успеале да дојдат до биткоини преку нивиот QR код

Двајца француски хакери успеале да реконструираат заматен QR-код (приватен клуч за криптовалутата) и да дојдат до биткоините од истиот.  Хакерите се побогати за околу 1000 долари, јави BBC.

Не станува збор за кражба, туку за предизвик. Францускиот претприемач Роџер Вер им понуди 1.000 долари на гледачите. Наградата одеше кај гледачот кој прв ќе успее да го скенира кодот. Но, тв каналот France 2 не дозволува игри на среќа, па целиот код беше заматен.

За среќа, на крајот на документарецот за криптовалути, кратко време беше прикажан незаматен мал дел од приватниот клуч. Благодарение на ова, Мишел Сасано и Клемент Сторк имаа од каде да започнат. По куп избиструвања на сликите, разгледување на стандардите за QR-код, на крајот сепак успеаја да го дешифрираат клучот.

 

Дешифрирање на QR-кодпт, чекор по чекор. https://medium.freecodecamp.org/lets-enhance-how-we-found-rogerkver-s-1000-wallet-obfuscated-private-key-8514e74a5433

Претприемачот кој ги понуди парите, и самиот беше воодушевен од подвигот на хакерите.

„Со речиси никакви податоци успеаја да го реконструираат приватниот клуч и да ги подигнат средствата“, вели г. Вер.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top