Dell ќе претстави лаптоп со екран на допир

во Хардвер

{mosimage}За два дена Dell ќе го објави новиот лаптоп компјутер, Latitude E6400 XFR во кој ќе биде имплементиран екран на допир со поголема отпорност на вода и прашина и кој ќе има можност да работи на температури до -34 степени и надморски височини од 4.500 метри. Овој нов модел е создаден според спецификациите на американската војска и ќе биде наменет за теренска употреба.

E6400 XFR ќе има 14.1 инчен екран, ќе биде базиран на Intel Core 2 Duo процесор, со можност за вградување до 8 гигабајти РАМ, до 128 гигабајти хард диск (SSD) и ќе поддржува Wi-Fi, 3G мрежа и GPS.

{mosimage}

Во поглед на екраните на допир, Dell не е првиот произведувач кој навлегува на овој пазар и ќе се придружи на Hewlett-Packard и Acer кои веќе имаат објавено вакви модели. Додека пак во поглед на издржливоста, новиот Latitude модел ќе стане директен конкурент и на Toughbook-от на Panasonic како и на неколку слични модели на Lenovo.

Latitute E6400 XFR ќе има цена од над 4.000 американски долари, што е малку чудно кога ќе се земе во предвид економската криза и паниката кај луѓето, но сепак од компанијата велат дека моделот не е за "обични" корисници и се надеваат дека ќе биде добро прифатен кај организациите и компаниите кои вршат теренска работа и кои навистина имаат потреба од ваков лаптоп.

Дополнително на оваа најава, на интернет кружат гласини дека и Apple во средината на оваа година планира да објави мини лаптоп со екран на допир кој најверојатно ќе биде помеѓу 9.7 и 10 инчи. Дали можеби лаптоп компјутери со екран на допир ќе станат новиот тренд?



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments