Deepfake на Виталиј Кличко измами неколку градоначалници на европски метрополи

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Лажно „deepfake“ видео на градоначалникот на украинскиот главен град Киев, измами негови колеги од неколку европски метрополи. Градоначалниците на Берлин, Мадрид и Виена, минатата недела во живо разговараа со личност која личеше и звучеше на Виталиј Кличко, но не беше Виталиј Кличко.

Измамата е откриена откако градоначалничката на Берлин, Франциска Гифи се посомневала во веродостојноста. Таа го прекинала видео повикот откако одговорите и темите на кои разговарале ѝ станале чудни. Претходно истото го направил и Хозе Луис Мартинез-Алмеида, градоначалникот на Мадрид.

Во паузата од прекинот, претставниците на градоначалничката на Берлин ја контактирале Украинската амбасада, и добиле потврда дека не разговараат со вистинскиот Кличко.

„Немаше знаци дека видео-разговорот не се одржува со вистинска личност“, вели претставникот на градоначалничката на Берлин.

Градоначалникот на Виена, Мајкл Лудвиг, воопшто и не забележал дека зборува со измамник. Најпрво минатата среда на Twitter објавил дека разговарал со градоначалникот на Киев, за потоа, за време на викендот, да ја избрише оваа порака. Набрзо по ова, официјални претставници од Виена, потврдиле дека се жртва на „сериозен онлајн криминал“, пренесе Guardian.

Соговорникот на градоначалниците користел „Deepfake“ технологија за да го промени својот лик и глас. Вештачката интелигенција овозможува генерирање на дигитален лик- копија, во овој случај на Кличко. Копијата ги следи гримасите на оригиналниот актер и ги рекреира на дигиталната копија. Друга технологија го менува гласот да наликува на гласот на личноста која се имитира.

Пред да може да го направи ова вештачката интелигенција се тренира со видеа, или во полош случај со фотографии на ликот кој треба да се копира. Колку повеќе влезни податоци се користат толку и копијата ќе биде подобра. Вообичаено технологијата се користи за креирање на видеа кои подоцна се емитуваат. Ако технологијата е користена во живо, тоа веројатно е прв ваков вид на злоупотреба на олку високо ниво. Досега нема потврда дали измамниците користеле снимен материјал кој потоа го користеле во разговорите или измамата е во реално време.

Deepfake видеата во живо се многу поретки. Сепак ИТ-експертот Мартин Стајнбах, смета дека можеби сепак станува збор за deepfake во живо, пренесе rbb24.

Нема ништо погрешно во тврдењето дека станува збор за deepfake. Deepfake може да се користи во реално време. Она што го гледаме на сликите од екранот е дека Кличко е малку позаматен отколку во оригиналното видео, тоа е типична последица на Deepfakelive. Deepfake во живо повеќе не се феномен кој би бил особено тешко да се реализира.

Градоначалникот на Киев и поранешен боксер во супер-тешка категорија побара истрага за видео-повиците во кои се измамени градоначалниците на повеќе европски градови.

„Ова е криминал. Итно мора да се истражи кој е зад измамата“, вели Кличко.

Истовремено ги предупреди останатите европски претставници да бидат внимателни ако дојдат во контакт со некој кој тврди дека ја претставува неговата канцеларија.

Засега авторот на лажниот Кличко останува непознат.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Рабуле
Рабуле
1 year ago

Авторот е длабоката држава од САД!

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Operations

Matrix IT Global Services Macedonia

Marketing Strategist

види ги сите огласи на kariera.it.mk