Фотографиите кои конкурираа за 2014 iPhone Photography Awards се можеби најдобриот показател за моќта на денешните паметни телефони. Но, да бидеме искрени, иако имате iPhone во рака, или пак некој друг телефон со моќна камера од 8+ мегапиксели, не очекувајте дека телефонот сам ќе знае да направи одлични фотографии. За тоа треба умешност како правилно да се искористи светлото и да се уреди фотографијата. Сепак, заклучокот е ист – вие, без врска дали сте аматер или професионален фотограф, имате неверојатна камера во рацете со која може да направите прекрасни фотографии, се што треба да направите е да ја искористите правилно.
Подолу е мал избор oд победничките фотографии кои ни се допаднаа, а сите победници од 2014-та, како и галерии со победници од изминатите години, ќе ги најдете на сајтот на iPhone Photography Awards. Сите пријавени фотографии на IPPAWARDS се направени со iPhone, iPod и iPad и се едитирани само со апликации за iOS.
(Фотограф на годината, 1-во место за Џулио Лукас)
(2-ро место за Жозе Луис Барциа Фернандез)
(3-то место за Џил Миснер)
(Најдобра фотографија од животно од Мајкл О’нил)
(Најдобра фотографија од архитектура од Јиланг Пенг)
(Најдобра фотографија од деца од Дени ван Вајрен)
(Најдобра фотографија од храна од Алекса Сидл)
(Најдобра фотографија од дрвја од Арон Пајк)
(Најдобра фотографија за животен стил од Брендон Кидвел)