2 коментари 1 мин. читање 3 април, 2017

DDR5 ќе биде двапати побрз од DDR 4

Следната генерација на RAM меморија, DDR5, ќе биде два пати побрза и два пати погуста. Организацијата која ја прави стандардизацијата JEDEC вети дека во 2018 година ќе го објават стандардот за DDR 5.

Новата меморија ќе биде побрза и поштедлива од претходните генерации. JEDEC вели дека следната генерација ќе биде и со подобра искористеност на каналите за комуникација. Првата презентација ќе биде во јуни, а во 2018 може да го очекуваме и финализираниот стандард.

Лоша вест е што за првите плочки корисниците ќе треба да чекаат до 2020. За пример DDR4 стандардот беше завршен во 2012, но DDR4 плочки започнаа да се продаваат дури во 2015. Добра вест е што на една DIMM плочка ќе има простор за двапати повеќе меморија. Речиси без сомневање во 2020 и ќе биде потребна.

 

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top