0 коментари 2 мин. читање 4 април, 2017

Apple најавува дека ќе дизајнира и графички процесори

Графичките карти долго време беа редок хардвер кој Apple само го земаа од партнерите. Сепак компанијата најавува дека ќе започне со развој на технологија за графички картички, јави Wired.

Причината за ова секако е многубројноста на областите на примена. Дополнително, од вештачка интелигенција, па до проширена и виртуелна реалност се технологии кои значително се потпираат на графичките картички. Со оглед на ова, Apple не можеше да го остави овој дел надвор од своите „раце“.

Графичките процесори можат да земаат големо количество на податоци и врз нив да ја повторуваат истата операција. Графичките процесори се оптимизирани за овие процеси. Поради ова процесорот на графичките картички е поприлагоден за дел од технологиите.

Apple веќе ја има Siri, компанијата без сомневање би сакала да го направи асистентот попаметен. Тим Кук неодамна откри дека смета дека проширената реалност ќе биде важна во иднина, а Apple нема да сака да остане со полош производ. Секако тука се и видеоигрите, но Mac никогаш не бил разгледуван како сериозна гејминг платформа, а се чини дека гејминг иднината би можела да биде во облакот.

Дополнително, не е тајна дека Apple сака да го има софтверот и хардверот под своја контрола. Apple прави одлична работа и со надградбата на мобилните процесори. Секако ова не значи дека ова ќе се пренесе и на графичките процесори.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top