Dark Envoy е RPG игра со огромен, но не целосно остварен потенцијал

Посебно размазени од ултра популарната Baldur’s Gate 3, фановите на изометрични RPG игри знаат да бидат исклучително пробирливи при започнување нова авантура. Дали Dark Envoy го има она што е потребно за да се заинтригира оваа група гејмери? На прв поглед се чини дека да, но 30 часовната кампања би можела да открие пропратни работи кои не би се допаднале на сите.

Тактичко ловење богатства

Dark Envoy е тактичка RPG игра со класични механики и борбен систем кој се заснова на бирање класи и специјализации. Сами или со уште еден пријател можете да поминете низ целата кампања, водејќи ги ликовите Малакај и Кејла – ловци на драгоцености кои доаѓаат од изолиран пустински град, но полека навлегуваат во центар на долго-годишен конфликт. Играјќи клучни улоги, низ приказната често ќе се наоѓате во ситуации да морате да донесувате критични одлуки кои суптилно или драстично ја обликуваат приказната.

Иако приказната е солидно напишана, а глумата задоволителна, најголем проблем во Dark Envoy се анимациите; на моменти се крајно неверодостојни и никако не го доловуваат тоа што се одигрува на екранот. Поради тоа, имерзивноста страда и тешко можете целосно да бидете вовлечени во она што првично ветуваше да биде фантастична приказна од епски размери. Не помага ни тоа што ликовите и сопатниците се како табула раса која лесно ја прифаќа секоја одлука која ќе ја донесете, со што се пропушта одлична прилика за дополнителни емоционални моменти помеѓу членовите.

На раслопагање имате четири класи. Секоја од класите се игра на различен начин и со текот на времето, точно знаете кои се силните и слабите страни и на кој начин да го имплементирате воинот, каде да го поставувате ренчерот, а во кој правец да го насочувате инжинерот или волшебникот. За дополнителна разноликост, секоја од класите има по три уникатни специјализации кои ги отклучувате подоцна во играта. Ова пружа можности за бројни комбинации.

Под површината

За жал, голем дел од комбинациите можете да ги откриете во првите десетина часа и преостанатите дваесет часа се фокусирате на имплементирање едни исти тактики низ бројни, навидум непресушни битки. Системот за битките е длабок и полн со потенцијал. Првичното чувство е повеќе од задоволително, но, како поминува времето и како се впуштате во се повеќе и повеќе битки, забележувате дека предизвикот се намалува, а потребата за тактизирање исчезнува. Во еден момент, се најдовме себеси како послабо го стопираме или успоруваме времето, а битките ги играме во реално време, очекувајќи го моментот кога ќе бидат завршени како би можеле да продолжиме со истражувањето и приказната.

Истражувањето во Dark Envoy се чини како една од најсилните точки во играта. Бројните локации се пренатрупани со предмети кои сведочат за уникатноста на посетениот регион, а бројните богатства често не ограбруваа да го целосно да ги истражуваме мапите, од страв да не заборавиме нешто корисно. Во поглед на корисните работи, на располагање имаме тони и тони плен од козметичка, но и функционална вредност, како и систем за крафтање или надградување оружја и опрема. За брзо време, главните ликови и сопатниците може да изгледаат и да се борат значително поразлично од начинот на кој почнале.

Во зависност од класата и специјализацијата која сте ја одбрале за вашиот лик, односно сопатник, при секој нов левел ќе можете да правите статистички прилагодувања во поглед на силата, брзината, издржливоста, или моќта, како и да отклучувате корисни пасивни и активни способности. Двата лика имаат значително подлабоки можности за надградба и експериментирање, додека сопатниците се ограничени и одредени области им се заклучени. И покрај ова, на располагање имате бројни комбинации и можности за експериментирање.

За време на нашето тестирање, искусивме чести багови, замрзнувања или драстично опаѓање на фрејмовите, но авторите веќе работат на имплементирање критични закрпи кои би требало да го направат целото искуство пофлуидно и постабилно.

Кој стои зад Dark Envoy?

Event Horizon е полско студио чија мисија е да создава впечатливи RPG игри со богати приказни и задоволителни гејмплеј механики.

Основано во 2016, развојното студио првично има работено на Tower of Time – солидна RPG игра која излезе во 2018 година и собра 84% позитивни рецензии.

Со над 20 луѓе како дел од нивното студио, Dark Envoy е како директен наследник на нивното претходно чедо и се труди да ги надградат сите елементи кои ја истакнуваат Tower of Time.

И покрај крутите анимации, багови и непредизвикувачките битки, благодарни сме за престојот во Dark Envoy и бевме особено импресионирани од преубавите мапи, бројните можности за уредување на ликовите, слободата која доаѓаше со уникатните класи и специјализации, како и одредени одлуки што ги донесувавме во приказната. Доколку сте фанови на класични RPG игри, тогаш шансите се дека ќе уживате во Dark Envoy, особено во првите десетина часови. За првиот ден од излегувањето на играта, веќе се собраа 77% позитивни рецензии и како Event Horizon продолжи да работи на играта, сметаме дека бројот на позитивните рецензии ќе биде само повисок.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Event Horizon
  • Издава: Event Horizon
  • Жанр: класична RPG игра
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезена на: 24 октомври 2023

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments