Дали Facebook ќе помогне да се најде Ангела?

во ИТ.МК

{mosimage}Случајот на изчезнатата шест годишно девојче Ангела Ѓорѓиеска од с. Дуње се појави низ сите медиуми. Но кога велам „медиуми“ не мислам само на вестите, туку и на друштвените мрежи како канали за информации.

На Facebook има формирана група „Да ја најдеме Ангела-девојчето што изчезна! Have you seen this girl?". Деталите за групата се деталите од Министерството за внатрешни работи тоа дека девојќето било во блузичка со карта на Македонија, дека е високо 115 см., дека има розеви папучиња…

Интересно е да се забележи дека групата расте со огромна брзина. Ја приметивме групата кога имаше 8.000 члена не се сеќавам на времето, но подоцна ја снимив оаа слика во 16.26 часот кога групата има 9.928 члена.

{mosimage}

10 минути подоцна, во 16:35 часот групата има 10.123 члена, односно 195 нови члена.

{mosimage}

Преку овој трагичен случај се покажува моќта на друштвените мрежи како медиуми. Иако традиционалните медиуми први ја објавијa
информацијата сепак тие можат само толку – да објават информации, потоа останува на индивидуалните новинари да истражат што понатаму.

Но Facebook може многу повеќе, а тоа е да вклучи преку 10.000 луѓе да ја рашират таа информација или да додадат нови наоди од малата Ангела. Во Македонија има околу 250.000 корисници на Facebook. Ако се искористи потенцијалот на друштвените мрежи, групо кажано 1/4 од државата ќе го бара девојчето.

„Искористете ја компјутерската технологија и интернетот. Искористете го Facebook, е-маил контакти и се што ке ви падне напамет.Пратете им ја сликата на што поголем број луѓе.“ е коментарот од KTehnika Kavadarci, оставен на страната на Facebook групата.

Дали ќе помогне? Се надеваме дека девојчето ќе биде наскоро дома.

Надополнето: Во 17:35 групата има 11.292 члена.



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments