Се чини дека можеби наскоро ќе дознаеме колкава е желбата на корисниците да добијат персонализирани маркетинг содржини. Расправата во конгресот трае, но сенаторите Едвард Макри и Ричард Блументал поднесоа едноставно законско решение кое може да реши многу проблеми.
Законот е со трапаво и долго име – Customer Online Notification for Stopping Edge-provider Network Transgressions (CONSENT) Act. Сепак она што треба да го направи законот е преку Федералната комисија за трговија да се обезбеди заштита од крајните провајдери на содржини, како Facebook и Google.
Еве што би предвидувало законското решение:
- Крајните провајдери треба да обезбедат дозвола од корисниците да користат, споделуваат или продаваат податоци
- Потребни се соодвети практики за заштита на податоците
- Потребно е провајдерот на сервис да го извести корисникот за собирањето, користењето и споделувањето на собраните податоци
- Провајдерите треба да ги известат своите корисници во случај на пробивање на заштитата
- Законот ќе го спроведува Федералната комисија за комуникација.
Решениeто е едноставно, нaместо корисниците да одбираат да не учествуваат со своите податоци, корисниците ќе одбираат да учествуваат. Основното нагодување треба да биде исклучено споделување на податоци, а ако корисникот сака ќе може да ги сподели.
Решението се однесува на Facebook, но и на Google, а и на секоја компанија која собира податоци од корисниците.
Во текот на целото преслушување г. Закерберг објаснува дека корисниците ги имаат своите податоци во раце, а набрзо тоа може и навистина ќе биде така.