Во текот на денешниот ден на официјалниот веб сајт на Ubuntu се појави бројaч кој ни најавува дека нешто ќе се случи за 4 денови, а пораката со која е најавено одбројувањето е „the line where two surfaces meet“. Canonical веќе неколкупати на овој начин најавија неколку новости во врска со Ubuntu, а една од нив е Ubuntu Touch за мобилни.
Најновите шпекулации се дека Canonical работи на паметниот телефон. Ubuntu Edge беше откриен со барањето за заштитување кое беше објавено од Phandroid. Дополнително на тоа, доменот UbuntuEdge.com во текот на оваа недела е регистриран од страна на Canonical.
Доколку се отвори изворниот код на страницата, ќе може да се забележи ID селектор со име edge, што ги зголемува шансите дека најавата може да биде за нов Ubuntu паметен телефон. Но да оставиме да поминат следните 4 денови, па официјално да видиме што ќе ни претстават од компанијата.

Коментари
3 коментари
Коментарите се затворени.