Дали би носеле 8-битни гаќички? Двајца дизајнери се сигурни дека ќе ви се допаднат

0 коментари 1 мин. читање

Носталгични за старите добри игри, и со чудна привлечност кон 8-битните карактери, двајца дизајнери од Лисабон, Себастоа Техеира и Цесариа Мартинс, се решија да го остварија својот сон – креираа Pixel Panties. Осум-битниот долен веш е креиран за сите кои сакаат ретро игри, но никогаш не нашле начин ова да го направат модерно или привлечно. Pixel Panties се реализираа со помош на Интернет и краудфандингот на Indiegogo, на кој над 400 подржувачи собраа 13.000 долари колку што се доволни за реализација на проектот. Но, можно е да се соберат повеќе пари бидејќи до затворање на на проектот остануваат уште две недели. Поддржувачите можат да ги добијат Pixel Panties за 25 долари, а за 160 долари ќе добијат 8 пара на Pixel Panties и бесплатна достава насекаде.

„По вечер на интензивно играње добивме сон за секси девојки во пикселизирана долна облека. Од секогаш не учеле да ги следиме нашите соништа, па тоа и го направивме“, велат дизајнерите.

[youtube]oVcvlJI5Qf8[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top