0 коментари 1 мин. читање 16 јуни, 2014

Навивач ја шпионира француската репрезентација во Бразил со беспилотно летало

Се чини дека на Светското фудбалско првенство во Бразил има и повеќе технологија одошто беше најавено. Тренингот на француската репрезентација беше нарушен од шпионско беспилотно летало кој го снимаше фудбалерите и нивниот тренинг. Иако тренерот на французите, Дидие Дешамп, првин се сомневаше дека станува збор за новинарски екипи, дури и за противниците од Е-групата во која се наоѓаат Швајцарија, Хонудрас и Еквадор, сепак според бразилската полиција пилотот на леталото е во притвор и дека не станува збор ниту за шпиони од ривалите, ниту за медиуми. Според првите податоци одговорен е еден навивач, кој бидејќи не можел да биде присутен на стадионот сакал на овој начин да го проследи тренингот.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top