0 коментари 1 мин. читање

Далечинско "убивање" на украден лаптоп

{mosimage}Компанијата Alcatel-Lucent разви систем за сигурност и менаџирање на лаптоп наречен OmniAccess 3500 Nonstop Laptop Guardian, кој воедно, далечински ги обезбедува, надгледува и менаџира мобилните компјутери, односно, лаптопите. Ако лаптоп е пријавен како изгубен или украден, решението може автоматски да ги уништи сите податоци складирани во компјутерот дури и кога е исклучен.

Технологијата која стои зад овој производ се состои од така наречен "постојано вклучен" сигурносен систем, базиран на 3G broadband картичка која вклучува комплетно одделен безбеден оперативен систем и батерии, кој исто така работи на било каква broadband конекција, 3G или WiFi мрежа.

 {mosimage}{mosimage}

Видео достапно тука .

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top