Во случај да сакате секојдневно да бидете опсипувани со интересни уметнички дела и факти поврзани за нив, тогаш DailyArt е апликација за во вашиот телефон.
Преку апликацијата, имате на располагање над 2000 уметнички дела, биографии на над 700 уметници, како и интересни податоци за над 500 уметнички колекции. Земајќи го сево ова во предвид, тешко е да не се гледа на DailyArt како на богата, дигитална ризница од најпознати дела, анегдоти поврзани со нив и интересни факти за луѓето кои им вдахнале живот.

За сите оние кои знаат да ја ценат визуелната уметност и историјата поврзана со неа, DailyArt ќе знае како да ги награди на секојдневно ниво. Но, бесплатната верзија делува исклучително ограничувачки и за целосен пристап и максимални можности за прилагодување на сервираните вести, потребна е верзијата која бара интимно запознавање со вашиот паричник.
Апликацијата е достапна за Android и iOS.