Cyanogen ќе дозволи подлабока интеграција со Android

во Мобилни, Софтвер

Cyanogen стартува нова платформа за модови (Mod Ready) која ќе им овозможи на девелоперите подлабока интеграција на апликациите или сервисите во оперативниот систем кој е базиран на Android. Објавата доаѓа на Mobile World Congress во Барселона, а први кои се приклучуваат се Microsoft. Гигантот најави интеграција на Cortana, Skype, OneNote и Hyperlapse во Cyanogen. Овие апликации се разбира постојат на Android, но не се интегрирани во оперативниот систем, бидејќи Google не го овозможува ова.

Најголемата разлика ќе може да се забележи со Cortana. Гласовниот асистент на Microsoft во целост може да го замени Google Now, а можно е и гласовно активирање со „Hey Cortana“. Интеграцијата на Skype овозможува разговорите да бидат препорачани дури и кога корисникот телефонира. Освен Microsoft партнери се и Instagram и Twitter, интеграцијата на овие „апликации“ овозможува содржините да бидат презентирани директно на почетниот екран или во случајот на Instagram и директно споделување на фотографии од камерата.

cortana

За да биде ова овозможено Cyanogen издаде повеќе системски API кои се дел од Platform Development Kit – PDK, јави Next Web. Заедно со софтверскиот дел, за полесно препознавање се подговуваат и телефоните кои доаѓаат со Cyanogen и ќе имаат MOD Ready ознака на задната страна.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments