2 коментари 1 мин. читање

CS тимот ENTiTY успеа за прв пат да ги помине групите на WCG

„Леле што направивме!!“, со пoбедничкиот крик на кошаркарот Влатко Илиевски, најдобриот македонски Counter-Strike тим ENTiTY го најави својот прв успех на овогодинешните World Cyber Games кои се одржуваат во Сеул, Јужна Кореја. Тимот за прв пат во своите натпреварувања на најпрестижното светско гејминг натпреварување успеа да ги помине групите и тоа како првопласирани.

За да биде успехот уште посладок, ENTiTY беше во единствената група на натпреварувањето која имаше четири тима, останатите имаат по три. Македонскиот тим беше во група со фаворизираниот корејски тим project_kr, со австралијците Immunity и тимот Nervana од Иран.

Во 1/8 финалето ENTiTY ќе се соочат со тимот од Казакстан, NEXT. Посакајте им успех!

Сите детали за македонскиот тиме ќе ги најдете на нивната Facebook страна.

[youtube]XWYt9kJ3jsU[/youtube]

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top