Cowork & Cigarettes нов подкаст за македонската co-work заедница

Нов подкаст Cowork & Cigarettes зборува за предизвиците за македонските стартапи и co-work заедницата. Ова е премиера на подкастот, а ние им посакуваме уште многу епизоди.

Првата епизода е помалку неформална, но ова секако не значи дека нема да добиете куп корисни податоци. Епизодата е куса, неформалниот карактер ја прави позабавна и поедноставна за следење.

Што е најважно за еден co-work простор? Дали би платиле за простор во Македонија? Што нудат сличните простори во странство? Ова се само дел од прашањата на кои Емир Слезовиќ, Ивона Вељановска, Дејан Алексов, Никола Миноски, Теодор Јосифовси и Виктор Дано, се обидуваат да дадат одговор.

По сè изгледа недостатокот на co-work заедница е најголем недостаток во Македонија. Ова дополнително е засилено со фактот дека цената за изнајмување на стан и co-work простор е премногу блиска. Заедница која со споделување на знаење може значително да помогне за додавање на вредноста за киријата; во македонските co-work простори за жал ова недостасува.

За жал во моментов единствена причина за избор на различен простор е квалитетот или вкусот на храната. Речиси сите нудат иста услуга (кафе, интернет, биро и шкаф). Дури и цената на киријата е иста и е околу 5.000 – 6.000 денари. Оваа нeмнина е првисока за Македонија, не само бидејќи не нуди ништо за парите, туку и бидејќи е преблиска со висината на месечните кирии за станови.

За повеќе информации за состојбата на македонската co-work заедница преслушајте го подкастот.

(Disclaimer: Виктор Дано е поранешен главен уредник и сегашен соработник на IT.com.mk. Неговата работа со Стартап Македонија и на овој подкаст не е поврзана на ниту еден начин со порталот. Ова не е ПР текст за неговата работа, туку, како сите други, текст за можностите да се работи на нешто поврзано со ИТ)

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments