0 коментари 2 мин. читање 8 јули, 2014

Илјадници историски документи од рускиот KGB сега се достапни онлајн

Илјадници документи на руската разузнавачка служба KGB се објавени како „Документите на Василиј Митрохин“, се достапни на јавноста преку Churchill College Archives Centar. Станува збор за 2.000 документи на KGB кои Василиј Митрохин ги прошверцува надвор од Русија пред 20 години. Митрохин, кој поминал 30 години со агенцијата, во периодот од 1972-ра до 1984 година започнал да ги препишува документите и да ги шверцува надвор од архивата, скриени во кондурите и во џебовите од јакната.

Во прошверцуваните ливчиња има информации за тајното руско оружје, руските шпиони и руски архиви за активностите на Папата Јован Павле II, јавува Verge. Дел од документите според дата се уште од 1930 година. Кога г. Митрохин ги прошверцувал во Лaтвија и ги понудил документите во Американската амасада бил оценет како неверодостоен, по што ги понудил документите на Британија. По еден месец Британската тајна агенција SIS MI6 со тајна операција ги собра 25.000 страни и ги пренесе во Англија.

Во документите има податоци за 1.000 шпиони на КГБ кои ооперираа во САД. Кристијан Ендју ги нарече догументите како „најважен извор на разузнавачки податоци на едно место“. Досега документите му беа достапни единствено на историчарот од Кембриџ, Кристофер Ендрју, кој досега има издадено две книги базирани на податоците од тајните документи.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top