Coub сака да го замени краткиот медиум на гифовите со кратки видеа од 10 секунди кои постојано ве повторуваат. Гифовите можеби се најпопуларниот начин да се сподели кратка содржина на интернет, но основачот на Coub, рускиот програмер Антон Гладкобородов, верува дека видеата од 10 секунди се подобра алатка за да се споделат анимации, клипови од филмови, музички спотови, фотографии, и дури и производи.
Coub, основан во 2012-та година, успеа да стигне до 50 милиони посетители месечно, од 8 милиони пред една година. Овој брз раст го привлече вниманието на основачите на руската друштвена мрежа VK кои инвестираа 2,5 милиони долари. Парите ќе бидат искористени да се промовира Coub пред интернационалната публика како компанија која разви „едноставна идеја со софистицирана технологија кој освои милиони и креираше комплетно нов формат на медиум“.
Освен што им конкурира на гифовите, Coub има сериозна конкуренција и од Instagram кој нуди снимање на кратки видеа и Vine на Тwitter со кој се прават видеа од 10 секунди. Но, за разлика од овие сервиси на кои корисниците мора да го снимат видеото со мобилен, Coub нуди ремиксување на секаква содржина и вметнување на музика. Штом ќе биде снимен Coub видео може да се сподели на YouTube, Vimeo или другите друштвени мрежи.
„Гифовите и Coub се дел од истата култура, што станува се попопуларна“, вели г. Гладкобородов. „Но Coub e подобар бидејќи има звук“.