0 коментари 1 мин. читање 21 ноември, 2014

Апликација на денот: Calоrific ќе ве убеди да не јадете крофни

Calorific е навистина едноставна iOS апликација чија единствена цел е да ви овозможи да визуелизираат како изгледаат 200 калории. Апликацијата има околу 140 фотографии од овошја, зеленчук и пијалоци, е направена да ви помогне при мерењето на дневното внесување на калории, што според нутриционистите треба да биде околу 2.500 на ден. Но, како би препознаеле колку калории внесувате на пример со овошна салата?

Calorific ќе ви покаже колку се 200 калории, пример дека тоа е само половина крофна, или четири праски, или една ипол банана, со цел да ви помогне да останете информирани за храната, и ако сте фитнес фанатик да си ја одржувате исхраната. Апликацијата овозможува сортирање по име на храната, тежината или типот на храна, а може и да се споредат две јадења едно до друго на екранот. Calorific е бесплатна, а тоа ште се плаќа се дополнителните фотографии/јадења.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top