Непријатели на Интернетот

во Свет

Кина, Куба, Иран, Северна Кореја, Саудиска Арабија, Сирија… Во земјите во кои традиционалните медиуми се контролирани, Интернетот стана форум каде луѓето можат слободно да си го споделат своето мислење, вели организацијата Репортери без граници во својот годишен извештај „Непријателите на Интернетот“. Овој извештај се објавува по повод 12 март – Светски ден против онлајн цензура.

„Со креирање на нови простори за споделување на идеи и информации, Интернетот стана сила во борбата за слобода.“, се вели во извештајот. „Но, се повеќе влади го сфаќаат ова и реагираат со обиди да го контролираат Интернетот. Никогаш до сега немало толку многу земји во кои има онлајн цензура, апсења и малтретирање на дигиталните граѓани, онлајн набљудување, блокирање на сајтови или прифаќање на строги интернет закони.“

[youtube]vj5W3Dxt62o[/youtube]

Покрај „непријателите“ на интернетот, во извештајот на Репортери без граници се наведени и земјите кои се ставени под „набљудување. Во тие земји постои слобода на изразување, но постојат и се подготвуваат планови како таа да се лимитира со блокирање на содржина под изговор дека се води борба против порнографијата, неморалноста и пиратеријата. Дел од тие земји се и демократските Австралија, Франција, Русија.

Репортерите без граници во својот извештај ги објавија и наградите на блогерите од земјите во кои владее цензура. Победници за 2011-та година се блогерите од Nawaat.org кои преку блоговите и друштвените мрежи помогнаа да се дојде до револуцијата воземјите.

Еве ја целата листа на непријателите. Извештајот ќе го најдете тука.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments