0 коментари 2 мин. читање

Chrome го претрка Firefox во 2011-та, Internet Explorer сè уште е на врвот

Internet Explorer на Microsoft сè уште е најпопуларниот веб прелистувач, со 39 отсто од глобалниот пазар според StatCounter, односно 51,9 oтсто според Net Applications. Позицијата на IE не изненадува. Тоа што е ново е што уделот на Internet Explorer паѓа континуирано, и тоа во корист на Google Chrome, не на Mozilla Firefox.

Прелистувачот на Google успеа во изминатава година да го претрка Firefox, кој се чини полека ја губи битката. Chrome ја започна ланската годината со удел од под 20 отсто додека, Firefox имаше околу 25 отсто, процент кој го одржуваше се до крајот на годината. Интересно, од октомври до декември 2011-та се забележува пад на прелистувачот на Mozilla која во тој период го објави Firefox 7, а набргу потоа и Firefox 8. Верзиите не се прославија, и се чини допринесоа до тоа многу корисници да се префрлат на Chrome, кој сега се искачи на 277 отсто и стана втор најпопуларен прелистувач.

На локалната „сцена“, според посетителите на It.com.mk, 46,36 отсто од читателите користат Google Chrome, додека Firefox го користат 42,26 oтсто. Internet Explorer скоро и да не се користи, само 5,45 отсто од посетите доаѓаат од тој прелистувач. Статистиката е од Google Analytics и се однесува на целата измината година.

Битката на прелистувачите ќе продолжи и во 2012-та. Mozilla сигурно ќе објави нова, подобра верзија на Firefox, Google ќе продолжи да го забрзува Chrome, а Microsoft ќе се обиде со редизајнираните Internet Explorer 10 и Windows 8 да остане на врвот. Кој ќе победи, ќе биде одлука на корисниците. Моите пари се на Chrome.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top