Christie’s најави аукција посветена на вештачка интелигенција

Илустрација генерирана од Dall-E

Аукциската куќа Christie’s најави нова аукција. Најавата секако немаше да биде некаква вест, ако сите уметнички дела кои ќе се продаваат на аукцијата не беа изработени од вештачка интелигенција. Ова не е прва аукција на уметнички дела нацртани од ВИ, но ова е прв пат сите уметнички дела на едно наддавање да бидат изработени од вештачка интелигенција.

„Christie’s New York со гордост ја објавува својата инаугуративна аукција за уметност креирана од вештачка интелигенција, Augmented Intelligence, прва продажба посветена на вештачката интелигенција во голема аукциска куќа. Од 20 февруари до 5 март со истовремена изложба во галериите на Центарот Кристи Рокфелер, онлајн-продажбата ќе вклучува многу барани дела на уметници кои користат вештачка интелигенција, како што се Рефик Анадол, Клер Силвер, Саша Стајлс, Пиндар Ван Арман, Холи Херндон и Мет Драјхурст, Харолд Коен и други.“, пишува аукциската куќа во објавата.

Оваа аукција на уметнички дела генерирани од вештачка интелигенција ќе биде отворена од 20 февруари до 5 март 2025 година. Во неа ќе бидат вклучени околу 20 дела за кои е користена вештачка интелигенција. Помеѓу авторите се дел од најпознатите уметници кои за креирање на своите дела користат вештачка интелигенција. Веројатно најинтересно ќе биде делото на Александар Ребен. Тој креирал код за голем робот кој ќе слика како што аукционерите наддаваат. На некој начин самите учесници ќе бидат дел од креирањето на сликата. Роботот ќе слика во живо. Наддавањето ќе започне од 100 долари, а со секој скок на цената роботот ќе го пополнува платното.

Пиндар Ван Арман и Харолд Коен се клучни имиња во AI уметноста. Холи Херндон и Мат Драјхрст, првите дигитални уметници поканети од OpenAI, исто така се претставени на аукцијата. Покрај Александар Ребен кој ќе експериментира со робот за сликање во живо за време на аукцијата најинтересно дело на аукцијата ќе биде „Emerging Faces“ од Ван Арман. Она што е карактеристично за сликата е дека е колаборација на два различни модели на вештачка интелигенција. Едната вештачка интелигенција црта слика на човечко лице, а другата ја прекинува штом препознае дека на сликата е човечко лице.

Очекувано голем дел од луѓето сметаат дека наддавањето на уметност креирана од вештачка интелигенција е контроверзно. На друштвените мрежи корисниците потсетија дека голем дел од алатките кои се користат за генерирање на слики се тренирани без дозвола на уметнички дела од многу уметници. Најголем дел од коментарите на друштвените мрежи се критики и повици за запирање на аукцијата.

Што е AI-уметност

AI уметноста е секоја форма на уметност создадена или надградена со AI алатки. Дел од  уметниците го користат терминот „соработка“ за да го опишат процесот на креирање со помош на вештачка интелигенција. Сепак, причина за користење на вештачка интелигенција за изработка на уметнички дела не е само за поголема продуктивност. Според луѓето кои ја користат таа е средство за проширување на човечката креативност.

„AI не е замена за човечката креативност. Таа го подобрува човечкиот спектар на креативност. Станува збор за употреба на технологија за да се поттикне она што е можно, да се истражува она што е остварливо надвор од, но не одвоено од, човечките акции.“, објаснува Сејлс Џајлс на страницата на Christie’s.

Уметниците користат алатки како DALL-E, Midjourney и Stable Diffusion, па дури креираат и сопствени невронски мрежи за создавање дела кои се истовремено интригантни и иновативни.

Во ноември на дигитална аукција на Сотби за 1,1 милион долари беше продаден портретот на британскиот математичар Алан Тјуринг изработен од вештачката интелигенција Ај-Да.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments