Човек доби две роботски раце со кои може да управува истовремено

во Свет, Хардвер

Квалитетот на животот на Лес Бон значително ќе се подобри благодарение на револуционерен напредокот напревен во John Hopkins University Applied Physics Laboratory. Г. Бон ги загуби двете раце во несреќа со електрична енергија пред 40 години, но благодарение на тимот од JHUAPL доби две функционални роботски раце со кои може да управува истовремено.

Процедурата подразбира хируршка интервенција со која се рекомбинираат нервите за поместување на дланките и рацете. Ова овозможува луѓето кои ги ги изгубиле екстремитетите со помош на мозокот да ги котролираат роботските раце. По рекомбирањето следи сложен процес на регистрирање на мозочните бранови додека се поместуваат одредени мускули. По ова г.Бон се покажа како одличен кандидат за прв пациент. За помалку од десет дена успеа да ги придвижува рацете и да прави посложени движења како поместување на чаши, топчиња и слични операции со кои ќе се сретне во секојдневието.

„Верувам дека сепак сме само на почетоците. Како раните денови на Интернет. Има огромен потенцијал, а патот само што започнува. Во следните 10 години ќе видиме феноменален напредок“, вели Мајкл Меклафлин, кој работи на проектот. Во моментов рацете се тестираат во лабораториски услови, но тимот се надева дека еден ќе го испратат Лес Бон во неговиот дом со нови раце.

[youtube]9NOncx2jU0Q[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments