Северна Кореја се крие зад нападите врз Sony

Хакерскиот напад врз Sony доаѓа од Северна Кореа, а во Белата Куќа се дебатира дали и јавно да се обвини државата за овие сајбер напади, јави New York Times. Мислењата засега се поделени. Дел од членовите на кабинетот на претседателот Обама веруваат дека Северна Кореа мора директно да биде обвинета за нападите, но дел предупредуваат дека овие обвинување би можеле да ги доведат во незавидна положба преговорите кои ги води Јапонија со Северна Кореа за ослободување на неколку нивни државјани.

Нападите наликуваат на напад извршен минатата година на банки во Јужна Кореа. покрај изгледот на нападот во кој се уништени податоци на банките, во двата случаи се користени слични алатки за бришење на податоците. Овојпат софтверот за бришење е идентичен со софтвер користен при напад врз Saudi Aramco. Ниту во овој случај напаѓачите не се откриени, но тогаш се сметаше дека потекнуваат од Иран.

Северна Кореа ги отфрли обвинувањата. Групата Guardians of Peace, која ја преземе одговорноста, вели дека нападот е одговор на филмот The Interview. Токму филмот е една од жртвите на нападот и нема да биде прикажуван во кино салите, откако хакерите се заканија со терористички напади врз сите кино сали кои во кој The Interview е на репертоарот. Carmike Cinemas и AMC се првите кои одлучија дека нема да го прикажуваат филмот, иако нема ниту најмал доказ дека се можни напади. Тоа што изненадува е што дури и Sony нема никаков проблем со одлуката на кино салите.

Ако Sony нема проблем што нема да се прикажува филмот, тоа не може да се каже за писателот на Игра на Тронови, Џорџ Р.Р. Мартин, кој е огорчен од одлуката на кино салите и Sony, иако лично нема никаква врска со филмот. Тој понуди да го прикажува The Interview во неговата кино сала.

„Ова е неверојатно… Мислам навистина? НАВИСТИНА? Овир гигантски коорпорации, од кои најголем дел можат да ја купат Северна Кореа со ситни пари, нема да прикажат фил бидехчи Ким Јонг-Ун се жали дека го исмеваат? Нивото на коорпорациски кукавичлук ме зачудува. Среќа шти ивие луѓе не беа на власт кога Чарли Чаплин го правеше Големиот Диктатор“, вели Џорџ Мартин.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments