Читајте текстови од различни веб страни преку вашиот Kindle

во Софтвер

Секојдневно наидуваме на бројни интересни текстови од најразлични страни, независно од тоа дали се работи за вести, блог постови, или рецензии. Читањето директно од таму знае да биде проблематично, не само поради малиот екран на вашиот телефон, туку и поради бројните реклами. Згора на тоа, често се случува и да наидете на некој корисен текст кој не можете да го читате во моментот.

За сите овие три работи, Push to Kindle by FiveFilters е апликација која ќе знае како да ви помогне. Имено, секојпат кога ќе наидете на некој интересен текст, со еден клик можете инстантно да си го испратите во вашата Kindle направа. Низ текот на работната недела ова го правите и со други текстови, за да кога викендот ќе стапи на сила, ќе може да се опуштите и да го започнете вашето викенд читање од Kindle. Сите текстови кои ќе ги испратите преку Push to Kindle by FiveFilters се уредно средени и конвертирани и спремно чекаат да бидат читани на ист начин како кога читате некоја книга.

Push to Kindle by FiveFilters апликација која значително го подобрува целокупното искуство, но ова не е бесплатно. Имено, во еден месец можете да си испратите во Kindle до 20 текстови. Ограничувањето се ресетира со започнување на новиот месец, но доколку имате потреба од 20 текстови месечно, потребно е и да се претплатите на услугата.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk