0 коментари 1 мин. читање 2 март, 2012

Читајте селектирани Twitter и Facebook вести со News.me, сега и на iPhone

Создавачите на Bit.ly, популарниот сервис за кратење на линкови, минатата година ја издадоа News.me апликацијата за iPad, што копаше по профилите на вашите пријатели на Twitter и користејки сопствен алгоритам, одредуваше што би можело да ве интересира.

Сега  постои News.me апликација и за iPhone, со тоа што News.me станува и Facebook агрегатор. Откако ќе дозволите апликацијата да има пристап до вашиот Facebook профил, ќе можете да разгледувате информации од вашата социјална мрежа без реклами, преку минимален кориснички интерфејс.

Instapaper исто така е поддржен од News.me, па ако преферирате на овој начин да искусувате информации од Instapaper и друштвените мрежи Facebook, Twitter, испробајте го News.me за iPhone бесплатно на iTunes.

Напишано од

Дамјан Цветков-Димитров

Дамјан Цветков-Димитров е дизајнер на игри и поранешен автор на IТ.com.mk. Има нездрава опсесија со интернет култура, нови медиуми, технологија, компјутерски игри, друштвени мрежи и електронска музика.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top