Некои го решаваат проблемот со сигурност на вашите мобилни уреди преку препознавање лица, некои преку цртање уникатни симболи, а некои преку користење лозинки што се ритмични секвенци.
Blackberry пријави патент кој опишува систем за препознавање на корисникот на уредот што работи преку ритмично допирање на екранот. Сигурно Drum Hero ентузијасти и вистински тапанари ќе бидат радосни кога ќе го прочитаат ова, но радоста ќе ја делат заедно со луѓе што се наоѓаат блиску до корисникот на овој систем за отклучување и имаат лоши намери.
Исто како со системот за препознавање лица на Android, кога досетливи корисници го пробија системот едноставно користејки фотографија, ритмичното удирање врз екранот на мобилниот би можело да се слушне и не е нај оптимален начин за брзо и безбедно користење на лозинка. Очигледно ни е потребна алтернатива за безбедно пристапување кон нашите мобилни уреди затоа што стариот начин на внесување бројки и букви бара неколку секунди труд, а тоа е време што просечниот корисник на мобилни уреди едноставно го нема.
Системот на Blackberry ќе го користи акцелерометарот на мобилниот уред да ја осети јачината и локацијата на ударите, со тоа што прислушкувачите може ќе треба да се потрудат и да гледаат директно во мобилниот уред за да ја видат тајната ритмична лозинка.







