Kodak можно е да го продаде сервисот Gallery Online на Shutterfly

0 коментари 1 мин. читање

Во време кога Kodak искусува банкрот, и кога целата компанија мора да се реструктурира за да се справи со новата ситуација, 23,8 милиони долари навистина доаѓаат како пријатна вест. Сите кориснички податоци ќе бидат префрлени на Shutterfly.

Тоа е сумата која е договорена за сè уште непотполно реализираниот договор помеѓу Kodak и Shutterfly, каде што Shutterfly ќе добие 75 милиони корисници преку продажбата на овој сервис за онлајн фотографии. Сè уште постои можност друга компанија да понуди повеќе, и тоа голема можност кога ќе се земе во предвид конкуренцијата на Shutterfly.

>Кога банкротираше, Kodak реши да го пренасочи својот бизнис кон принтери, рамки со фотографии и слични продукти, со тоа што тотално прекина производство на дигитални камери.

Напишано од

Дамјан Цветков-Димитров е дизајнер на игри и поранешен автор на IТ.com.mk. Има нездрава опсесија со интернет култура, нови медиуми, технологија, компјутерски игри, друштвени мрежи и електронска музика.

Мени
Заедница
Изглед
To top