European Centre for Press and Media Freedom, European Federation of Journalists, Reporters Without Borders и PEN International испратија барање до власите во Албанија да не го донесуваат закон за онлајн медиуми. Во демократски држави овие медиуми се регулираат самите, велат организациите во обраќањето до премиерот на Албанија, Еди Рама и министерката за правда, Етилда Ѓонај.
Законот предвидува секој онлајн медиум на физичко или правно лице да има контакт информации и физичка адреса која ќе биде објавена на страницата. Онлајн медиумите ќе можат да бидат затворени на барање на даночните власти.
„Иницијативата не е во согласност со најдобрите практики и препораки на OSCE, и ова е причина за длабока загриженост. Ако парламентот го изгласа законот ќе биде нарушен слободниот проток на информации и ќе има негативен ефект на онлајн медиумите, но и на информирањето на жителите на Албанија“, пренесува Balkan Insight.
Законот е дел од платформата против клевета и за прекршителите е предвидена казна од 8 000 евра, но и затворање на веб страниците. Законот треба да помогне да се надминат дел од проблемите со клеветите, но постои опасност дека ќе биде злоупотребен за ограничување на слободата на печатот.