ChatGPT веќе генерира слики во различни стилови

0 коментари 1 мин. читање

ChatGPT се надоградува секојдневно, неговите функционалности продолжуваат да го привелкуваат вниманието на јавноста. Тој дава текстуални опширни одговори на секое прашање, генерира код, има аудио функционалност и што уште не. Од пред неколку денови има и функционалност за генерирање на слики во најразлични стилови, a социјалните мрежи веќе се преплавени со овие слики.

Најпопуларниот стил несомнено е Ghibli. Овој стил е рачно нацртан, анимиран и познат по своите нежни бои, магични светови и емотивно раскажување приказни. Ја спојува фантазијата со природата и потсетува на слики од цртани филмови или детски приказни.

Оригинална слика

Photo by Bailey Zindel on Unsplash

Ghilibi стил

Lego стил

LEGO стилот се карактеризира со коцки, шарени ликови и околини изградени од иконските LEGO коцки. Тој е имагинативен и препознатлив, претворајќи ја секоја слика во забавен, минијатурен свет.

Prompt: Create a fun cartoon ad using this image

Покрај оиве попознати стилови, ChatGPT може да генерира и слики во стил на реклама, забавна реклама, корица од книга и слично.

Disney стил

Disney стилот е разигран, шарен и полн со шарм. Потсетува на Disney карактерите кои секојдневно ги гледаат децата.

Генeрираните слики се мошне интересни, и прилично квалитетни, останува да видиме сѐ што друго ќе може ChatGPT да изведе во иднина.

Напишано од

Љубомир Давитков е автор соработник на IT.mk, софтверски инженер, а во слободно време пишува tech блогови и вежба карате.

Мени
Заедница
Изглед