Chants of Sennaar e лингвистичка авантура со уникатен графички стил и впечатлива музичка подлога

Chants of Sennaar имплементира уникатни механики во секој аспект од играта, почнувајќи со дизајнот и графичкиот приказ, движејќи се преку механиките за решавање загатки, и завршувајќи со суптилната музичка подлога која одлично го доловува мистериозниот свет околу нас. Како резултат, оставени сте со една од најоригиналните инди игри која би била особено ценета од љубители на загатки, а особено од лингвисти.

Вавилонскиот плач

Светот во Chants of Sennaar е заплашувачки, но не од аспект дека крие животно-загрозувачки опасности, туку од аспект што вие се наоѓате на место каде што ниту го разбирате јазикот, ниту технологијата, ниту обичаите на населението. Поради тоа, првичниот впечаток е како да сте во целосно нов свет и почнувате се од почеток како би можеле да го разберете светот околу вас и подобро да се движите низ лавиринтот на непознатото. Технички, вие не сте во лавиринт, но тоа што нема мапа, доминирањето на едноставната палета од бои и неразбирањето на јазикот прави да се чувствувате како да сте затвореник во едно отворено, но неразбирливо општество.

Целта во Chants of Sennaar е да ги поврзете контекстуалните индиции и да ги разберете многубројните јазици. На тој начин, полесно ќе можете да се справите со пречките кои ве спречуваат да напредувате низ кулата. Низ огромниот свет опсипани сте со уметнички дела, знаци, но и локално население, но ви недостасуваат лингвистичките капацитети за да разберете што пишува на делата, што означуваат знаците и што ви зборуваат локалците. Потребно е шетање од една до друга точка, стапување во интеракција и разговори и учење преку грешки и експериментација за да се открие вистинското значење на зборовите.

Превод и толкување

Ваша задача е да пробате да погодите што значи секој збор на кој ќе наидете и истиот да го преведете во тетратката. Штом го преведете зборот истиот ќе биде имплементиран во светот и секој пат кога ќе наидете на тој збор ќе го видите и преводот кој вие сте му го одредиле. Во случај да дојдете до заклучок дека преводот е несоодветен, ќе можете да направите брзи корекции. Филозофијата која стои зад ваквата механика за градење загатки е свежа и ретко искористена во игрите и интересно е да се види како непознатите јазици и симболи полека заземаат препознатлива и кохерентна форма.

Секоја можност за појава на монотонија од ваквиот тип на загатки е ефикасно разбиена со стандардни загатки како поместување предмети, движење во вистинско време и избегнување опасности, иако, во вториот случај, би сакале да потенцираме дека нема никаква реална опасност и по неколку обиди, повторно ќе се вратите на вашата вредна посвета и справување со лингвистички пречки.

Светот во Chants of Sennaar остава впечаток на комплексно осмислени локации кои, парадоксално, изгледаат како да се составени од крајно едноставни елементи. Цртежите се чисти, анимациите скоро непостоечки, а палетата на боите скромна. И покрај ова, исклучително е тешко да се игнорира грандиозноста на ваквата имплементација, особено кога на сцена ќе стапи суптилното движење на камерата и експертското репозиционирање и нудење воодушевувачки погледи. Релаксирачка музичка подлога доаѓа во најважните моменти, ве задева, но и стимулира со пријатните звуци и ве охрабрува да продолжите со напредувањето.

Хипнотизирачка убавина

Доколку сакате загатки, но од малку поразлична перспектива која директно зависи од вашата љубов кон јазиците, тогаш Chants of Sennaar е една од најуникатните игри кои би можеле да заиграте оваа деценија. Десетчасовното патување е полно со оригинални предизвици кои ќе ве замислат, на моменти дури и исфрустрираат, но таквото нешто за нас потпаѓаше под категоријата на „слатки маки“ и со задоволство се сопнувавме и паѓавме, експериментиравме одново и одново, се со цел да го најдобро дешифрираме јазикот и да го изнајдеме идеалното решение.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Rundisc
  • Издава: Focus Entertainment
  • Жанр: Авантура, загатки, инди
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезена на: 5 септември 2023

Оценка

  • Вкупна оценка: 9.25
  • Приказна: 8
  • Гејмплеј: 9
  • Графика: 10
  • Звук и музика: 10

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk