Чаир хакнат

во ИТ.МК

{mosimage} Наш читател ни посочи дека веќе македонската верзија на веб сајтот на oпштина Чаир е хакната. Надополнето: Откако ги контактиравме, многу бргу сајтот беше среден и функционален повторно, но пред тоа, два дена пораката „Hacked by Baska” стоеше на сајтот демонстрирајќи ја уште еднаш неспремноста на еден владин .gov.mk сајт да се справи со ваквите пробивања.

Првин кога се јавив по телефон во општина Чаир да им кажам дека сајтот е хакнат и да прашам дали знаат за тоа, се изненадив од реакцијата. Еве, на кратко, како се одвиваше разговорот:

„Дали знаете дека вашиот сајт е хакнат?“
„Не знам за тоа. Со кого би сакале да разговарате?“
„Па, на пример со тој задолжен за веб сајтот.“
„Дојдете во понеделник во општина Чаир.“

Мислам дека лошо ме разбраа, затоа испратив имејл до општина Чаир, пo што за брзо време добивме одговор. (имејл FTW!)

„Проблемот е во тоа што користиме комерцијален систем за менаџирање на содржината(CMS) кој што има дупки и слабости како и сите други CMS, а во меѓувреме имавме и проблеми со доменот така што самиот хакер „script kiddie” успеал да го искористи овие слабости и да упадне во сајтот. Во последно време работам на тоа да го смениме целиот CMS и да преминеме во нешто посигурно или евентуално испрограмирање на нов CMS.” вели Енес Исмаили од општина Чаир.

{mosimage}

Хакирањата на владини сајтови и сајтови на институции не се нешто ново. Се сеќавате на пробивањето на сајтот на претседателот? Ако тој сајт беше пробиен, каква шанса има општина Чаир, нели?

„Ниту владините сајтови не се добро заштитени, а владата ни кажува дека кај нас градиме информатичко општество. Стварно ме иритира ова, па сакав да го споделам со вас.“ вели нашиот читател кој го посочи проблемот.

Во четвртокот
на конференцијата на ЗЕЛС се зборуваше за ИТ напредок на локалните самоуправи со цел да се воведат подобри електронски услуги за граѓаните. Но, ова со Чаир демонстрира две работи: 1. што ќе ви електронска услуга ако таа е недостапна? и второ, зарем тие услуги нема да бидат мета на хакерите? Како ќе ги заштитиме податоците на граѓаните, кога не може еден сајт да се поправи?

Што се однесува до хакерите, доколку го читаш ова „Baska" би сакале да направиме интервју со тебе бидејќи не интересира твојот мотив и процедурата како го проби сајтот. Претходно, кога беше хакнат сајтот на претседателот зборувавме со групата што го проби кои ни потврдија дека хакирањето е престиж, игра, демонстрација на вештини… Би сакале да знаеме дали ова се истите мотиви и кај тебе? Затоа пиши ни „Baska".



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments