1 коментар 2 мин. читање 21 август, 2018

CEE Business Angels Network со покана за сите стартапи

Vestbee и CEE Business Angels Network организираат натпревар за стартапи. CEE Fintech Challenge e натпревар за сите стартап и скејлап компании од Централна и Источна Европа. На натпреварот можат да се пријават и компании од Македонија.

Фокус на натпреварот се компании кои работат во  неколку сектори, главно финансиски и осигурителни. Секторите од интерес се:

  • Fintech,
  • Insurtech,
  • Regtech,
  • Блокчејн,
  • Безбедоност и ризик,
  • Big Data & Analytics,
  • Business & ICT
  • Products & Service

Најдобрите ќе имаат можност да се претстават пред инвеститори, компании и медиумски партнери. Дополнително, ќе биде обезбедена и помош при развој на бизнисот од искусни ментори, а ќе бидат организирани и посети на најважните регионални настани. Секако најголема придобивка е излегувањето пред потенцијалните инвеститори.

Ако ги исполнувате условите побрзајте, повикот е отворен до 31 август. Листата на 10 финалисти ќе биде објавена на 17 септември, а 3 дена подоцна ќе бидат објавени и победниците

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top