Cebit 09: Acer ветува телефон за само 49€

во Хардвер

{mosimage}Веќе изминува третиот ден од најголемата светската конференција за ИКТ, CeBIT 2009 која се одржува во Хановер, Германија. На Cebit присуствуваат 4.300 учесници од 69 земји и воедно претстојуваат на светскиот пазар No.1 за дигитални решенија, трендови и иновации. Вчера на CeBIT, Acer претстави нов квартет од мобилни телефони и на тој начин ја удвои својата понуда, откако на Светскиот конгрес за мобилни ја претстави серијата Tempo (M900, F900, DX900 и X960).

Вториот сет од мобилни телефони на
Тајванската компанија ќе биде базиран на Windows Mobile 6.5 и ќе нуди целосна
функционалност на телефоните од новата генерација со задолжителни камера и GPS.

На врвот на новиот пакет од четири телефони,
кои патем имаат кодни имиња, е F1, за кој шефот на секторот за паметни телефони
на Acer, Ајмар де Ленкуесанг, вели дека е “многу тенок современ телефон” кој
вклучува камера со 5 Mp. Според него, “пазарот се менува и станува ценовно
поосетлив”. Токму затоа, новиот пакет ќе блесне со моделот L1, телефон со
лизгачка алфанумеричка тастатура.  Според де Ленкуесанг, L1 ќе поседува
функционалност на најсовремен телефон, но во попознат формат.

{mosimage}

де Ленкуесанг не продискутира за цената на
двата врвни телефони. Но, тој беше подетален околу цената на C1 и E1, кои
компанијата ги насочува кон пазарниот сектор наречен "мојот прв паметен
телефон". Корисниците би требало да ги имаат C1 и E1 за не повеќе од 49 €.
Телефоните се планира да бидат испорачувани директно до мобилните оператори и
се очекува претежно да бидат нудени бесплатно. Телефоните ќе бидат базирани на
Windows Mobile 6.5, и ќе бидат достапни во повеќе бои.

Телефоните се очекува да бидат достапни во
продажба најкасно во третиот квартал од годинава, со најава на нови модели за
четвртиот квартал.
Acer вчера исто така го претстави
реконструираниот 10 инчен Aspire One. Последниот Windows XP-базиран Aspire
работи на 1.6GHz Intel Atom N270 со Mobile Intel 945GSE или 82801GBM чипсет.
Поседува хард диск од 160GB и може да црпи меморија до 2GB. Сето ова тежи околу
1.18 кг.

Иако се смета дека Acer доцни на нетбук
пазарот, компанијата тврди дека веќе е доминантен играч и дека поседува 43% од
пазарот.

Преземено од TheRegister



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk