Captain Wayne – Vacation Desperation: Морнарски бес во ретро стил

во гејминг

Captain Wayne – Vacation Desperation е најновиот наслов што пристигнува од развојното студио Ciaran Games, носејќи со себе експлозивна мешавина на носталгија и модерeна хаос.

Како ретро пукачка игра од прво лице вие сте ставени во улога на Капетан Вејн, морнар кој има сачмарка наместо рака.

Приказната во Captain Wayne – Vacation Desperation започнува кога Вејн, по губењето на својата рака во битка со легендарниот кит, се соочува со нова неволја поврзана со крадењето на неговиот брод. Заглавени на островот Оркa, сфаќате дека никаде не води дипломатијата, и, поради тоа, целосно се посветувате на целосна анихилација на платениците.

Гејмплејот е брз и немилосрден, црпејќи инспирација од класиците на жанрот, барајќи од вас постојано да сте во движење доколку сакате да преживеете низ осумте масивни зони. Покрај уникатната убиствена рака, ќе можете да користите и дополнителен деструктивен арсенал (чекајте за да видите какви громови се ослободуваат од вашите тапаници). Покрај главниот режим на приказна, играта нуди и и таканаречен бесконечен режим кој е за оние кои сакаат да ги тестираат своите граници на преживување против бесконечни бранови на непријатели.

Графиката е рачно цртана, со естетика која потсетува на еден цртан филм, но со остар контраст кој брутално го истакнува крвавото насилство на екранот. Стилот потсетува на старите анимирани филмови и е полн со анимирани сцени низ кои се раскажува приказната. Стилот, во комбинација со брзиот гејмплеј, допринесува до освежителна и крајно уникатна акција која одлично ги почетува корените на овој жанр.

Captain Wayne – Vacation Desperation делува како освежувачко и хумористично искуство кое нуди озбилен предизвик за време на битките. Одликувајќи се со уникатен спој на цртан филм и интензивна акција, визијата на Ciaran Games LLC успешно балансира помеѓу апсурдноста на приказната и задоволството кое произлегува од адреналинските битки.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments