Canonical, компанијата зад Ubuntu, стартува краудфаундинг кампања на Indiegogo со која бара 32 милиони долари за да го направи Ubuntu Edge телефонот. Додека го пишувам текстот, околу 200 корисници донирале 100.000 долари. Кампањата трае 31 ден, што значи дека компанијата мора да собере по 1 милион долари дневно! Во зависност од големината на донацијата, донаторите ќе добијат ран пристап до телефонот, пример тие што ќе донираат 600 долари до 23-ти јули, односно 800 долари потоа, ќе ги добијат првите примероци до мај 2014-та година.
Според објавените информации, телефонот ќе работи на Ubuntu Phone, на Android и, бидејќи е опишан како „superphone“, ќе работи и на десктоп Ubuntu кога ќе биде поврзан со монитор. Edge ќе има 4 GB RAM, 128 GB простор и екран од 4,5 инчи со 1280×720 HD резолуција. Нема детали за процесорот освен дека ќе биде „најбрзиот достапен процесор“.
[youtube]eQLe3iIMN7k[/youtube]







