0 коментари 2 мин. читање 23 февруари, 2010

Чак Норис ги напаѓа модемите?

Oвој малициозен софтвер е крстен по познатиот глумец бидејќи чешките експерти во кодот нашле коментар на италијански „in nome di Chuck Norris“ или преведено „во име на Чак Норис“.

Можеби Чак Норис не ги пробива лозинките туку тие сами се откриваат? :))

Mалициозниот софвтер најчесто ги напаѓа MIPS-базирани уреди кои работат на Linux, пишува PC World. Потоа откако ја погоди лозинката, ги пренасочува корисниците на лажен веб сајт кој инсталира вирус кој потоа користејќи го тој компјутер т.е модем продолжува да напаѓа други компјутери создавајќи ботнет мрежа.

Според чешките експерти, оваа ботнет мрежа инфицирала милиони компјутери ширум светот. Тоа што тие го препорачуваат за заштита на лозинките е да се искористи појака лозинка пример компбинација од бројки и букви, па и понекој чуден знак. „Чак Норис“ исто така се протнува во RAM меморијата на модемот, па може да се тргне со рестартирање на уредот.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top