Бројот на кликовите како мерка

во Совети

{mosimage}Зошто
луѓето кликаат на банерите? И покрај тоа што бројот на кликовите (CTR =
Click-through Ratio) се мери само со еден чекор во процесот на интернет
огласувањето, лесно може да се измери и да се споредат резултатите,
што го прави најпопуларно средство за евалуација на ефикасноста на
огласот. Луѓето кликнуваат на огласот (банерот) од најразлични причини.
Некои од нив се: љубопитност, попусти и купони, но најважно е –
интересот за oгласуваниот производ.


Да се поттикне љубопитноста

Голем дел од љубопитноста произлегува од интересот на корисникот за производот или услугата која се огласува, а не од интересот за мистеријата која се крие зад пораката. На пример, ако пораката на огласот гласи “Искористете го попустот на нашиот нов модел”, истата ќе ги привлече оние корисници кои се заинтересирани за купување на новиот модел, но не и оние случајни посетители кои сакаат само да знаат на што се однесува тој попуст.   

Купоните и попустите се привлечни
Огласите кои нудат попусти на производите и купони се попривлечни за корисниците од оние кои нудат шанса за добивка во некоја наградна игра. Веројатноста за освојување на награда секогаш е мала – без разлика дали е во пари, производи или бесплатни услуги од некоја компанија. Луѓето повеќе ги интересираат некои конкретни попусти од можностите да освојат патување на Хаваи.   

Интересот за производот е клучен
Најважна причина за високиот процент на кликовите е интересот за производите. Ако знаете која е целната група на вашиот производ или услуга, полесно ќе одберете медиум на кој да огласувате. На пример – сакате да огласувате услуга за патно осигурување и го ставате огласот на страна на некоја туристичка агенција, на некоја страна со бизнис информации и на некој протал со дневни информации. Корисниците кои планираат скоро патување како и бизнисмените, кои често патуваат ќе бидат повеќе заинтересирани за вашиот оглас, така што и стапката на клик ќе биде поголема. Портал од широк профил можеби е повеќе посетен од специјализирана страна, но вашите потенцијални клиенти го посетуваат во многу помал процент, а бидејќи банерите на исто огласно место се менуваат и секој посетител на страната може да види друг оглас, шансите да го види некој кој е заинтересиран за неговата содржина се уште помали.   

{mosimage}

Како да се зголеми стапката на клик?
Постојат многу различни начини на кои може да се зголеми стапката на клик, но еден од најважните е креативното решение на самиот банер.  Еве неколку совети за изработка на банер кои го зголемуваат неговиот ефект:

  • Банерите кои брзо се вчитуваат најдобро привлекуваат внимание. Дизјанот на банерот не смее да ја преоптерети неговата големина со непотребни килобајти. Користете поедноставни графички решенија, кои се прилагодени на медиумот и форматите на огласот. 
  • Обидете се да вклучите стандардни елементи, како што се копче, scrollbar и сл. Тоа му привлекува внимание на посетителот, бидејќи ги користи и клика секој ден на својот компјутер. 
  • Користете поголеми букви. Според последните студии големите наслови се покажале подобри за зголемување на стапката на клик (CTR) , а исто времено укажуваат и на важноста на поедноставни и впечатливи пораки.
  • Вклучете го натписот “кликни тука” на вашиот банер. Ова можеби изгледа одвишно, но некои студии покажуваат дека овој мал додаток може значајно да го зголеми одѕивот. Друга пак студија покажала дека сместувањето на тој натпис на десната половина на банерот дава 15% подобри резултати откога тој се наоѓа на левата страна.
  • Изработете неколку креативни решенија за секоја кампања. Така ќе го избегнете ефектот “banner burn-out” – одбивноста на посетителот спрема одреден банер, што резултира со рапидно намалување на стапката на клик како поминува кампањата. Користењето на неколку различни огласи паралелно или менувајќи ги истите во текот на кампањата привлекува внимание на ист корисник подолг временски период. Кампањата подолго време ќе биде свежа и нова и ќе делува побогато и поинформативно. Покрај тоа, со паралелно прикажување на повеќе различни решенија можете многу лесно да видите кое од нив привлекува поголемо внимание и генерира поголем одѕив и добиените сознанија да се искористат во иднина.  

Што се случува после кликот
Стапката на клик не треба да биде единствена мерка за ефектот на некоја онлајн огласна кампања. Интернетот е одличен медиум за зголемување на свесноста за брендот и присетување. Клучната компонента на успехот е “степенот на конверзија” – колкав број на корисници преземале акција (одиграле наградна игра, пополниле прашалник, отпечатиле купон, извршиле онлајн купување итн.) откога било кликнато на банерот.

Аналитичаритe истакнуваат некои интересни трендови кои се поврзани со вреднување на степенот на конверзија и кликовите – во просек конверзијата е поголема кај оние корисници кои го виделе огласот, без да кликнат, во однос на оние што го кликнале. Од тоа произлегува заклучокот дека враќањето на инвестицијата од интернет огласувањето е поголемо него што вообичаено се смета, бидејќи огласувачите по правило го следат само ефектот на клик занемарувајќи ја брендинг компонентата на огласот и влијанието на огласот на конверзијата. 

Мерење на успехот
Брендинг, потсетувањето, степенот на конверзија и останатите “пост клик” активности за жал потешко се мерат отколку бројот на кликови. Како може да востановите колку е ефикасна вашата кампања? Постојат неколку начина:

  • Мерење пред/после – наједноставен начин е да се измери посетеноста на интернет страната пред и после кампањата, така што може да се одреди еден ефект. 
  • Мерење на изложеност/неизложеност – составете краток прашалник поставувајќи им ги истите прашања на посетителите, кои ја виделе вашата кампања и на оние кои не ја виделе и така измерете го влијанието на вашиот напор. 
  • Квантификувајте ги квалитативните информации – направете онлајн фокус студија на вашите купувачи во фаза на планирање на следната интернет кампања. Во неа барајте од учесниците да го оценат и рангираат креативниот концепт, интернет страната на конкурентите и  вашите досегашни кампањи. Добиените податоци користете ги како бенчмарк за вашите следни активности.

Без разлика кој начин го користите, најважниот елемент во секоја од овие активности е пред се конзистентното мерење, со помош на кое можете со тек на време да развиете квалитетни интерни показатели. Тоа ќе ви помогне правилно да ги вреднувате минатите искуства и постојано да ја зголемувате успешноста на онлајн кампањите.



Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk